И Ахмети се согласи Заев да си оди од Владата

1 min read

И Али Ахмети, лидерот на ДУИ, нема против Зоран Заев наредниве денови да ја активира оставката на функцијата премиер, дознаваме од висок функционер во партијата. Доказ за тоа беше присуството на Димитар Ковачевски, новиот претседател на СДСМ (наследник на Заев) на денешната средба на владините партнери Заев и Ахмети.

Се очекува Заев на средбата да го информира Ахмети дека иднава недела ќе замине од Владата и дека формирањето на новата влада се очекува до 15 јануари, како и тоа лидерот на ДУИ да се запознае со Ковачевски и да му го честита изборот за претседател на СДСМ. Нашиот соговорник од ДУИ вели дека Ковачевски, како иден мандатар, е во тек за спорот со Бугарија, дека е стабилно владејачкото мнозинство, така што повеќе нема пречки Заев да поднесе оставка, односно да остане на функцијата до средината на јануари за кога е најавен изборот на новата влада.

Ахмети претходно се спротивставуваше на оставката на Заев од премиерската функција со образложение дека Македонија е пред сериозни и внатрешни и надворешнополитички предизвици.

Како што дознава „Слободен печат“ Ковачевски се сретнал со дел од раководството на СДСМ кое е во оставка, но интересно е дека новиот лидер на СДСМ ќе се сретне и со Радмила Шекеринска, која не е дел од раководната структура на партијата.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Прогноза на експертите во Австрија : 3.450 дневно заразени до католички Божиќ и скок од 16.000 заразени дневно во јануари

Следно

Сега е појасно зошто Агуеро мораше да се пензионира

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian