Кога ќе се спомене серијата „Касандра“ прво на кое се сеќаваме е празни улици во терминот кога се емитуваше серијата, многу возбуда за секоја следна епизода и целосно внимание свртено кон главните улоги.
Иако поминаа скоро 20 години од серијата во која главна машка улога играше Игнасио, овој актер денес е вистински заводник во седмата деценија од својот живот.
Оваа теленовела ја освои планетата, а Освалдо Риос, актерот кој играше две улоги – на Игнасио и неговиот брат близнак Луис Давид денес изгледа како времето ништо да не му може! Порториканецот освен неколку брчки на лицето, изгледа подеднакво младо како во минатото.
View this post on Instagram
Вежбањето му годи
Освалдо позади себе има три брака и три сина, а веќе неколку години е во врска со кубанската актерка Ивелин Гиро. Во октомври го прослави 61-от роденден, а изгледа барем 20 години помлад. Очигледно е дека вежбањето и добриот начин на исхрана, но и порториканските гени играат голема улога.
View this post on Instagram
Мора да признаеме дека Освалдо Риос изгледа одлично!
View this post on Instagram
Извор: www.slobodenpecat.mk