ФОТО | Мистериозна смрт во Босна: Мртвото тело на исчезнат пејач пронајдено во хотелска соба

1 min read

Телото на пејачот Јасмин Малкочевиќ, чие исчезнување семејството го пријавило во Полициската станица Запад во среда, на 15 декември, во 19 часот и 30 минути, денеска е пронајдено во соба во хотел во Тузла, јавуваат босанските медиуми.

Полициската управа на Министерството за внатрешни работи на кантонот Тузла е известена дека во една од изнајмените соби било пронајдено безживотно тело.

– На телото на починатиот не се констатирани траги на повреди или било каков вид насилство, а најверојатно се работи за самоубиство предизвикано од труење со таблети. Дежурниот обвинител ќе издаде наредба за обдукција на телото на починатиот за да се утврдат точните причини за смртта. Во текот на истрагата се утврдуваат сите околности поврзани со овој настан – изјави Адмир Арнаутовиќ, портпарол на Обвинителството на кантонот Тузла, пишува „Аваз“.

Јасмин беше учесник на популарниот натпревар „Можеш да бидеш ѕвезда“ на ТВ Хајат, каде што го покажа својот талент, а и по шоуто продолжи да се занимава со музика.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Металците во победничка серија во АБА2 лигата, го прегазија и Спарс

Следно

Коктелот „Bloody Mary“ ја слави својата 100-годишнина!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian