ЕВРОТИНК: Граѓаните со најголема доверба кон Армијата и претседателот, раст на поддршката за членство во ЕУ

2 mins read

Армијата, претседателот и религиозните институции се трите сектори во земјава што уживаат најголема доверба на граѓаните, додека судските инстанции уживаат најниска доверба. Последното истражување реализирано од Центарот за европски стратегииЕВРОТИНК, покажува дека граѓаните во државата најголема доверба имаат во Армијата (47 проценти), потоа следи институцијата претседател на државата (31 отсто) и на трето место се религиозните заедници (30 проценти).

Од друга страна, граѓаните според наодите на ЕВРОТИНК, кој произлезе од истражувањето реализирано од 23 до 30 ноември, најмалку им веруваат на судската власт и обвинителството (8 отсто).

Во однос на работењето на полицијата на Република Северна Македонија, доминира негативниот став во евалуацијата на сите мерни аспекти. Сепак, 30 отсто се на мислење дека полицијата е професионална во своето работење, 26 проценти дека е ефикасна, 22 отсто дека е транспарентна, 20 проценти дека е отчетна, 16 отсто дека ги зема предвид мислењата и потребите на граѓаните во донесувањето на одлуките и 13 проценти дека полицијата е независна од партиските, владините и бизнис-интересите.

– Наспроти генералната негативна оценка за работење на полицијата, граѓаните кои имале личен контакт позитивно ја оценуваат професионалното на полициските службеници во своето работење. Во услови на пандемија со Ковид-19, 13 проценти имале потреба да контактираат со полицијата за прашања поврзани со пандемијата, а од нив 61 отсто позитивно го оцениле ова искуство, покажува истражувањето на ЕВРОТИНК.

Дел од ова истражување и испитувањето на мислењето на граѓаните се и за прашања поврзани со евроинтреграцискиот процес на Северна Македонија.

– Најголем дел од граѓаните остануваат упорни поддржувачи на Европската Унија. Во споредба со крајот на 2020 година, ова година за два процентни поени е зголемен процентот на граѓаните кои сметаат дека членстовото во ЕУ е „добра работа”. И покрај ветото од Бугарија, поддршката за пристапувањето кон ЕУ останува стабилна и бележи раст. За 3 процентни поени се зголемени и очекувањата за почнување на преговори во следните шест месеци, речиси три четвртини (74 отсто) од граѓаните би гласале позитивно на референдум за влез во ЕУ, а една третина сметаат дека интеграцијата на земјава во Унијата ќе се случи во наредните пет години, покажува истражувањето на ЕВРОТИНК.

Воедно, според анкетата, околу половина од граѓаните на Северна Македонија, сметаат дека односот на Унијата кон земјава е нефер, надмен и уценувачки.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Франција од сабота ја спушта рампата за патувања кон и од Велика Британија, освен во случај на „посебни причини”

Следно

Фудбалерите ќе имаат поддршка од 1.300 навивачи во Палермо на баражот против Италија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian