Европските супермаркети престануваат да продаваат говедско поради сечењето на Амазонската прашума

2 mins read

Група европски синџири на супермаркети најави дека ќе престане да продава производи од говедско од Бразил поради поврзаноста на интензивното сточарство со расчистувањето на Амазонската прашума.

Холандската гранка на германскиот ланец супермаркети Лидл најави во средата дека од следната година повеќе нема да продава говедско со потекло од Јужна Америка, додека други ланци планираат да повлечат од понудата одредени производи од мелена говедско месо.

Многу спорни производи се поврзани со бразилската ЈБС СА, најголемиот произведувач на месо во светот.

Најголемиот ланец супермаркети во Холандија Алберт Хејин, подружница на холандскиот малопродажен џин Ахолд Делхаизе, повеќе нема да набавува говедско во Бразил. Портпаролката на компанијата кажа дека во моментов продаваат многу мали количества говедско од бразилско потекло.

Аухан Франс исто така од своите полици ќе ги отстрани производите од говедско поврзани со ЈБС. Белгиската гранка на француски Карфур и Делхаизе повеќе нема да продава протеински стапчиња од говедско.

Џеј Саинзбери Плц, подружница на британски Сеинзбери ќе престане да набавува јунешко од Бразил, напоменувајќи дека уште сега 90 отсто од говедското месо набавува во Британија и Ирска.

Бојкотот е одговор на истражувањето на бразилската публикација Репортер Бразил во која се наведува дека ЈБС индиректно купувал крави од нелегално исечените делови од прашумата, попознато како „перење стока“.

Поимот се однесува на продажба на стока одгледана на незаконски расчистено земјиште на фарми кои потоа ги продаваат на кланици за да се прикрие нивното вистинско потекло.

Од ЈБС за Ројтерс соопштиле дека не го толерираат нелегалното сечење на шумите и дека блокирале повеќе од 14 илјади доставувачи поради непочитување на политиката на нивната компанија.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Коктелот „Bloody Mary“ ја слави својата 100-годишнина!

Следно

ВИДЕО: Моментот пред сударот на двете возила во Батинци во кој загина едно лице

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian