Ќе ѝ дадеме предност на хуманоста или сакаме празнично украсено Скопје – што велат граѓаните?

3 mins read

Дали во Скопје недостасува празнична атмосфера, на две недели пред новогодишната ноќ?

Скопје, почна да се украсува вчера, а граѓаните реагираа дека досега требало да биде украсено, затоа што, како што велат, веќе се чувствува предпразничната магија, а Скопје никогаш претходно толку доцна не било неукрасено. 

Градоначалничка на Град Скопје Данела Арсовска го раскина договорот со Линк Медиа склучен во октомври годинава, од страна на нејзиниот претходник Шилегов, кој чинеше 250 000 евра и ги повика компаниите со донации да го украсат главниот град.

-Ова е време кога треба да се менуваат работите, кога треба да покажеме дека заедно можеме повеќе за нашиот град. На мојот повик се јавија компании кои ја покажаа својата општествена одговорност, а една од нив најави дека ќе го украси градот Скопје за Нова Година без финансиски импликации по градот, рече Арсовска на почетокот на месецот.

Граѓаните, со поделени ставови. На некои им недостига празничниот амбиент затоа што секогаш ги собира децата, младите и туристите во центарот на Скопје, други, пак, велат дека во ова време-невреме треба да се троши рационално.

Еве ги нивните ставови:

-Да, дефинитивно нема восхит и радост ни кај деца, ни кај млади и возрасни, бар овие предновогодишни и божиќни празници треба веселост во градот и сите да ја разбиеме монотонијата што не следи овие две години, украсете го градот да личи на вистинска метропола, а не уморен и тажен. Барем за момент направете ги лугето среќни и весели, барем тоа заслужуваме да имаме малку радост и насмевки.

-Има побитни работи што фалат во градот, барем останаа 250 000 евра во градската каса.

-Не ни треба празнична атмосфера, ни треба ВОЗДУХ!!! Ни треба чистење на ѓубриштатата. Ни треба сите раскопаници подитно да се средат. Ни треба разрешување на проблемот со сообраќајот и гужвите. Ни треба да се работи за побрзо да се симне инфлацијата.

-Празничната атмосфера чувајте си ја дома! За празнична атмосфера треба достоинство, дружење, финансии …. Сето тоа ние веќе го немаме, атмосферата не ја прават сијаличките, туку празникот треба да го чувствуваме во душата… А душите празни.

-Фали љубов, почит и разбирање мешу луѓето за да може сето тоа да се прослави. Што би славеле сега?

-Најважна е атмосферата дома. Украсувајте, китете и радувајте се, а празничен градски гламур во некое поубаво време.

-Да во ова време-невреме потребна е таа празнична атмосфера малку да не отргне од секојдневието.

-Џабе украсување кога не сме опуштени во ресторани, во гужви, да контактираме со пријатели…Вака барем нека има помош каде финансиите се најпотребни.

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

Маж од Батинци загина во сообраќајка кај Дрисла

Следно

ВИДЕО | Генерал Хаџи-Јанев: Србија смета на својот капацитет за употреба на сила, но не значи дека ќе ја употреби

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian