Цената на природниот гас во Европа порасна за речиси 10 проценти за време на денешното тргување, надминувајќи 1.700 долари за 1.000 кубни метри, јави Бгнес.
Вакво зголемување се регистрира за првпат од почетокот на октомври, откако Гаспром не успеа да резервира капацитет за гасоводот Јамал-Европа, според податоците на лондонската берза ICE.
Цената на јануарските фјучерси на центарот TTF во Холандија во 18:05 часот се искачи на 1.705 долари за 1.000 кубни метри или 145,985 евра за мегават час.
Извор: МИА