Во НБА лигата заработува 163 милиони долари, но нема крај на неговата тага

1 min read

Најдобриот кошаркар на Сакраменто Кингс Де’Арон Фокс (23) откри колку тешко со оваа НБА екипа тешко ги поднесува поразите и воедно се чуди како некои играчи можат да стигнат до НБА лигата и да мислат само на парите, а не на победите.

Фокс е одличен играч, индивидуално го оправдува договорот кој го потпиша на пет години и според кој заработува 163 милиони долари. Но, во ретко искрено интервју за НБА лигата, рече дека му е тешко што тимот нема високи амбиции и дека поразите се секојдневие.

Моментно Сакраменто во Западната конференција се наоѓа на 10 место и моментно е во низа од три порази.

– Помалку знаев за порази сè додека не дојдов овде. Во првите 18-19 години од мојот живот играв кошарка во која барем нешто славев. Не знам како можеш да го направиш тоа, ќе стигнеш до НБА лигата и повеќе не ти е важно да победуваш. Сите само зборуваат за тоа колку заработуваш – отворено кажа Фокс.

Плејмејкерот, кој во просек постигнува 21 поен по сезона и игра на „Ол-стар“ ниво, продолжи со емотивниот настап.

– Никој не сака да губи, без разлика каде играте и на кое ниво, без разлика дали добивате плата за тоа или не. Никој не треба да сака пораз бидејќи очигледно сите сакаат триумф – вели Фокс.

Со вакви победнички ставови, може да се очекува Фокс во иднина да биде еден од предводниците на посилен НБА тим.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ковачевски ја презеде лидерската функција во СДСМ: Веднаш се зафаќаме со работа

Следно

Убиство во Белград: Младо момче ја избодело тетка си до смрт

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian