Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска соопшти дека во земјата и официјално пристигна новиот лек против коронавирус. Станува збор за лекот молнупиравир на компанијата МСД.
– Во Србија пристигна новиот лек против короната! Го купија во САД, а во Европа заедно со нас го купија само Данска, Литванија и Словенија – рече Вучиќ во видео пораката објавена на профилот на Инстаграм.
Тој додаде дека „животот и здравјето на луѓето немаат цена!“.
View this post on Instagram