ВИДЕО | Готвиме со Маја: Паста со спанаќ и пилешко и мус од тиква

2 mins read

Има ли некој што не сака паста? Денеска, во „Готвиме со Маја“ се два вида на паста, едната со спанаќ, а другата со пилешко. Вкусни, брзи и едноставни за приготвување. За крај, Маја ви предлага да се заблажите со кремаста блага чашка од тиква.

Спанаќ паста

Сос
– 1 чаша пире од спанаќ
– 2 чешниња лук
– 1/2 чаша павлака за готвење
– 50 г пармезан
– 1 лажица путер
– 1 лажичка Вегета Маестро оригано
– 1/4 лажичка Вегета Маестро црн пипер
– Сол по вкус
– Веган пармезан

1. Во тава, на путер и малку масло испржете лук и додадете иситнет свеж спанаќ. Пропржете додека спанаќот не го намали волуменот и додадете го сувото оригано и зачинете со бибер и сол
2. Потоа додадете ја павлаката за готвење и варете додека не згусне.
3. Во згуснатиот сос додадете веќе сварени таљатели со спанаќ и посипете со пармезан

Паста со пилешко

– 1 Перутнина Птуј пилешки стек
– 1/2 лажичка Вегета Маестро оригано
– 1/2 лажичка Вегета Маестро лук
– 1 лажичка Вегета
– 1 лажичка Вегета Натур зачин за пилешко
– 1 лажичка Вегета Маестро димена пиперка
– 1 конзерва Подравка пелати
– 50 г пармезан

1. Месото исечете го на коцки и пржете го во загреана тава со масло. Посолете
2. На половина од пржењето додадете ги зачините и продолжете со пржењето
3. Потоа додете ги таљателите и пржете уште 4-5 минути
4. Зачинете со димена пиперка, бибер и суво оригано
5. Пред крај додадете ги пелатите и допржете уште неколку минути
6. Сервирајте со пармезан и црни маслинки

готвиме со маја
Фото: Промо

Блага чашка со тиква

– Винчини наполитанки
– 5-6 лажици пире од тиква
– 3 лажици мед
– 1 лажица Долчела чоколадо во прав
– 3-4 лажици мелени бисквити
– 10 урми
– 70 мл О’Плант млеко од овес и бадеми

1. Наполитанките, какаото и бисквитите измелете ги во блендер и додадете го пирето од сварена тиква и урмите кои претходно биле покиснати во вода. Додадете го млекото од бадеми.
2. Се заедно изматете и сервирајте во чаши или мали здели и прелијте со мед

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Андоновиќ: Кристофер Хил е загрижен за Балканот, лоша оценка и песимистички прогнози на потенцијалниот амбасадор на САД во Белград

Следно

Две коцки темно чоколадо секој ден – вкусни и добри за здравјето

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian