ВИДЕО: Агуеро во солзи ја заврши кариерата, лекарите му забранија фудбал

2 mins read

Серхио Агуеро и официјално објави денеска пред јавноста дека ја завршува фудбалската кариера во 33. година од животот.

Фудбалерот на Барселона се расплака во емотивната објава, велејќи дека здравјето е на прво место и дека мора да престане да игра поради проблеми со срцето.

Тој неодамна имаше проблеми со срцето на натпреварот за Барселона, поради што мораше да го напушти теренот.

Прегледите потврдија дека ситуацијата е таква што би било ризично да продолжи да се занимава со овој спорт.

– Решив да престанам да играм фудбал. Ова е тежок момент за мене, во прашање е моето здравје. Сакам да им кажам на сите дека направив сè што е можно. Отсекогаш сонував да играм фудбал, уште од својата петта година. Сакам да ја споделам мојата благодарност до сите, без разлика каде сум играл, Атлетико Мадрид..Манчестер Сити… Барса – – беа дел од зборовите на Агуеро на денешната прес-конференција.

Со години беше напаѓач на Манчестер сити и еден од најважните играчи за нивните одлични резултати. Со англискиот клуб освои 15 трофеи, а минатата сезона играше и во финалето на Лигата на шампионите.

Меѓу другото, Аргентинецот постигна гол кој се чекаше цели 44 години. Тој во самиот финиш од мечот го совлада голманот на Квинс Парк Ренџерс и во шокантен меч им ја обезбеди титулата на „Граѓаните“. Тоа беше само еден од 427 гола во неговата кариера, но по сè изгледа најмногу ќе остане запаметен.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Повозрасни лица заглавени во села „оковани“ од снег: Снегот нема кој да го чисти поради пропаднат тендер!

Следно

Што прави денеска: Милош Андоновски, театарски режисер и професор

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian