Денеска на стадионот под Тумбе кафе составот на Пелистер успеа да го совлада и елиминира Вардар во четвртфиналето од Купот на Македонија.
После регуларните 90 минути на теренот во Битола стрелците не беа расположени, односно мируваа мрежите и на двете страни.
Победникот, патникот во следната фаза од натпреварување се решаваше после пенал серијата во која подобри беа битолчани.
На крајот последнорангираниот во Првата фудбалска лига Пелистер славеше со конечни 3:2 за пласман во следната фаза.
Покрај Пелистер, во полуфиналето на Купот ќе играат уште екипите на Силекс, Струга Трим Лум и Македонија ЃП.