Јужна Африка: Две дози од вакцините Фајзер штитат од хоспитализација во 70 проценти од случаите на омикрон

2 mins read

Две дози од вакцината против коронавирус Фајзер /Бионтек се чини дека обезбедија 70 проценти заштита од хоспитализација во Јужна Африка во последните неколку недели.

Ова се тврди во една голема студија која укажува на послаба ефикасност на вакцината во борбата против сојот омикрон.

Фото: Профимедиа

Студијата објавена од најголемата приватна компанија за здравствено осигурување во Јужна Африка, Дискавери Хелт , се заснова на повеќе од 211.000 позитивни резултати од тестот за коронавирус.

Околу 78.000 од тие резултати од 15 ноември до 7 декември се припишуваат на омикрон, иако тоа не е потврдено во лабораториски.

Ова значи дека студијата не може да понуди конечни наоди за сојот што Светската здравствена организација го опиша како „загрижувачки“ и кој е регистриран во повеќе од 60 земји.

Вакцинација со „Фајзер“ вакцина / Фото: EPA-EFE/Liam McBurney / POOL

Јужноафриканските научници досега потврдија дека сојот омикрон е пронајден во околу 550 позитивни тестови, при што тој сој сочинува 78 отсто од анализираните примероци од месец ноември, повеќе од претходно доминантниот вид делта.

Јужна Африка го предупреди светот за омикрон на крајот на минатиот месец, предупредувајќи дека може да предизвика уште еден бран на глобални инфекции, што доведе до наметнување ограничувања за патување од Јужна Африка.

Дневниот број на заразени во Јужна Африка во последните денови се искачи на околу 20.000.

Наодите од студијата се меѓу првите во реалниот живот за заштитата што ја обезбедуваат вакцините од сојот на омикрон.

Фото: Профимедиа

Претходните студии беа спроведени во лабораторија и покажаа намалена ефикасност на две дози на вакцина против омикрон. Третата доза на вакцина ја подобри заштитата.

Дискавери Хелт , во соработка со Јужноафриканскиот совет за медицински истражувања (SAMRC), пресмета дека две дози од вакцината Фајзер -Бионтек нудат 70 проценти заштита од хоспитализација во споредба со невакцинираните и 33 проценти заштита од инфекција.

Според студијата, ова претставува пад од 80 отсто во заштитата од инфекција.

Дискавери Хелт предупреди дека наодите од студијата треба да се сметаат за прелиминарни.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ЈП Лајка оваа сабота организира донаторска забава

Следно

Играчите на Реал, Модриќ и Марсело позитивни на ковид-19

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian