Уапсен крадец, украдените предмети вратени кај сопственикот

1 min read

На 14.12.2021 во 23.15 часот на бул.„Илинден” во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода А.И.(19) од Скопје. Тој се сомничи дека претходно околу 22.55 часот со уште едно лице со употреба на сила одзел повеќе предмети од маркет на бул.„Илинден”. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а во службен разговор во полициска станица А.И. го признал делото.

За настанот бил известен јавен обвинител и во координација со него по целосно документирање и расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

Бен Афлек: Да останев во брак со Гарнер, и сега ќе пиев

Следно

Поранешниот авганистански претседател: Ги повикав талибанците во Кабул да го прекинат хаосот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian