Својства на АСПИРИНОТ за кои веројатно не сте знаеле!

1 min read

Познато е дека аспиринот ја ублажува болката, најчесто во пределот на главата. Но, овој лек може да ви помогне со многу други проблеми.

Сигурно е дека сте земале аспирин барем еднаш во животот. Но, иако овој лек е вообичаен во секоја домашна аптека, веројатно не знаете многу за него.

Аспиринот и водата можат да направат многу повеќе отколку што можете да замислите. Меѓутоа, кој друг сериозно размислува за нешто толку секојдневно?

Ова се употребите на аспирин за кои веројатно не сте знаеле!

Ги отстранува трагите од пот

Жолтите дамки под пазувите на маиците лесно можете да ги отстраните со мешавина од мелени два до три аспирини и половина чаша топла вода.

Боја на коса

Салицилната киселина во апсиринот ја отстранува бојата од косата, па ако не ви се допаѓа бојата што сте ја добиле, направете маска од шест до осум аспирини и вода и ставете ја на косата. Оставете да делува 10 до 15 минути.

Спас за мозолчиња

Ако добиете мозолче, здробете еден аспирин и измешајте го со малку вода. Оваа смеса нанесете ја на мозолчето.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!

Околу 10% од луѓето кои имаат астма се алергични на аспирин. Затоа, не користете аспирин самостојно, туку консултирајте се со лекар!

ИЗВОР:  lokalno.mk

Претходно

Дневен хороскоп за 15 декември: Прекрасен ден за љубов

Следно

Ранг листа на најпочитуваните луѓе во светот: Обама и Гејтс пред Путин

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian