Шолц им објави војна на антиваксерите: Германскиот канцелар ја претстави програмата на новата влада

3 mins read

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска во Бундестагот ја претстави програмата на новата коалициска влада, при што посебно внимание посвети на прашањето за вакцинација на населението против коронавирус.

До крајот на годината во Германија ќе бидат администрирани 30 милиони дози вакцина против коронавирус, како прва или втора доза или како засилувачка доза. Ова го изјави новиот германски канцелар Олаф Шолц во својата денешна прва владина изјава, пренесува Дојче веле.

Дури 19 милиони дози се дистрибуирани од 18 ноември, рече Шолц.

– Да, ситуацијата повторно ќе се подобри. Да, ќе се бориме со оваа пандемија со најголема одлучност. И да, ќе ја добиеме оваа битка, рече тој.

Исто така, канцеларот увери дека нема да дозволи екстремистите и радикалните противници на вакцинацијата да ја поставуваат агендата.

– Нема да толерираме мало малцинство екстремисти кои се обидуваат да ја наметнат својата волја врз целата наша нација да дејствуваат непречено, предупреди тој. Ова малцинство го сврте грбот не само на „науката, рационалноста и рационалното однесување”, туку и на „нашето општество, нашата демократија, нашата солидарност и нашата држава”, рече германскиот канцелар.

Според него, ова не е сериозна поделба. Мнозинството има солидарен и избалансиран пристап, нагласи тој.

Посебен дел од презентацијата беше посветен на финансиски прашања. Станува збор за претстојниот – најголемиот пробив во последните 100 години – во германската економија и производство, објасни Олаф Шолц.

– Зад нас имаме 250 години, за време на кои нашиот просперитет се засноваше на согорувањето на јаглен, нафта и гас. Сега имаме околу 23 години пред нас, во кои мораме и ќе можеме да се откажеме од фосилните горива, рече тој.

До 2045 година Германија мора да биде климатски неутрална, потсети шефот на германската влада. – Ова значи дека се соочуваме со најголемата индустриска и економска трансформација во најмалку последните 100 години, рече тој.

Германскиот канцелар најави и деценија инвестирање во технологиите на иднината. „Станува збор за поставување на темелите за нова технолошка ера”, рече Шолц и најави десетици милијарди евра инвестиции во станици за полнење, морски ветерни електрани, фотоволтаици, реновирање на електричните мрежи, станови и железници.

Олаф Шолц посвети посебно внимание на интеграциските процеси во германското општество. Според него, Германија е „земја на имигранти, затоа мора да се поедностави патот до државјанството за да се подобри политичкото учество. Мора да биде можно да се добие државјанство само по пет години престој. Покрај тоа, мора да се обезбеди процедура за добивање на повеќе од едно државјанство, нагласи Шолц.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Се чувствувам неверојатно уништена: Били Ајлиш се отвори за тоа како гледањето порно-филмови ѝ влијаело на сексуалните искуства

Следно

Назадни сили во Бугарија и С. Македонија не сакаат да се реши спорот, вели бугарски аналитичар

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian