Се чувствувам неверојатно уништена: Били Ајлиш се отвори за тоа како гледањето порно-филмови ѝ влијаело на сексуалните искуства

2 mins read

Били Ајлиш се отвори и го раскажа својот став за порнографијата и како гледањето порно-филмови уште од млада возраст влијаело на нејзиниот сексуален живот.

За време на гостувањето во шоуто „The Howard Stern“, 19-годишната музичарка откри дека почнала да гледа порнографија на 11-годишна возраст, но од денешна гледна точка тоа го смета за „срам“.

„Како жена, мислам дека порното е срам. Порано гледав многу порно, да бидам искрена. Почнав да гледам порно кога имав 11 години. Мислам дека навистина ми го уништи мозокот и се чувствувам неверојатно уништено што бев изложена на толку многу порно“, изјави Били.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BILLIE EILISH (@billieeilish)

„Првите неколку пати кога, знаете, имав секс, не кажував не на работи што не беа добри. Тоа беше затоа што мислев дека тоа е она што треба да ме привлекува. Толку сум лута што порното е толку сакано, и толку сум лута на себе што мислев дека е во ред. Начинот на кој изгледаат вагините во порно е навистина лудо. Ниту една вагина не изгледа така. Телата на жените не изгледаат така. Ние не изгледаме така“, објасни Ајлиш

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BILLIE EILISH (@billieeilish)

Таа, исто така, се осврна на љубовниот живот и излегувањата како славна личност, раскажувајќи дека токму препознавањето прави да е тешко да се пронајде вистинската личност.

„Јас не сум сериски љубовник… Не одам на состаноци и флертувам со луѓе. Навистина е тешко да запознаеш луѓе кога луѓето или се преплашени од тебе или мислат дека си надвор од нивната лига. Минатата година мислев дека ќе бидам сингл до крајот на мојот живот. Искрено не можев да се замислам себеси во каква било врска“, призна таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BILLIE EILISH (@billieeilish)

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Убиство во Белград: Младо момче ја избодело тетка си до смрт

Следно

Шолц им објави војна на антиваксерите: Германскиот канцелар ја претстави програмата на новата влада

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian