Радев: За спорот со С. Македонија не се важни рокови, туку резултати

1 min read

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска изјави дека е задоволен што европските лидери „конечно разбрале каде е вистинскиот проблем со Северна Македонија” и оти сите обиди да се изврши притисок врз Софија се контрапродуктивни.

– На сите европски совети – од мај, разговарав со секој европски лидер на тема РС Македонија. Сакам да им се заблагодарам, бидејќи по втор пат темата е надвор од дневен ред. Нашите партнери конечно разбраа каде е вистинскиот проблем. Проблемот длабоко влијае на основата на самата ЕУ – човековите права и недискриминацијата, изјави Радев за бугарските медиуми во Брисел каде што учествува на шестиот самит на Источното партнерство и Европскиот совет.

Радев, како што пренесува БГНЕС, истакна дека Софија ќе продолжи да ја брани својата позиција, не само историјата, посочувајќи оти главен приоритет е почитувањето на човековите права на луѓето со бугарски идентитет.

– Не даваме рокови. Овој процес не е воден од рокови, туку од резултати, рече Радев.

Според него, сите обиди за притисок врз Бугарија се контрапродуктивни.

– Францускиот претседател Емануел Макрон јасно ја знае позицијата на Бугарија и затоа не очекувам притисок. Имаме јасен договор. Со Франција мораме да ги решиме енергетските прашања, додаде Радев.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Германија протерува двајца руски дипломати откако Москва беше поврзана со нарачано убиство во Берлин

Следно

Меси со емотивна порака: Кун, многу ќе ми недостигаш да бидам со тебе на теренот!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian