Претставничкиот дом „за” покренување постапка против поранешниот шеф на кабинетот на Трамп

1 min read

Претставничкиот дом на САД, кој има мнозинство демократи, гласаше да му препорача на американското Министерство за правда да поднесе кривична пријава против Марк Медоус, поранешен шеф на кабинетот на претседателот Доналд Трамп, поради тоа што не се одзвал пред истражен одбор на Долниот дом на Конгресот да сведочи за нападот  врз Капитол Хил на 6 јануари.

Резултатот од синоќешното гласање беше 222 „за” и 208 „против”.

Двајца републиканци, конгресменот Лиз Чејни од Вајоминг и Адам Кинзингер од Илиноис, кои се членови на истражниот комитет, гласаа заедно со демократите за поднесување кривична пријава против Медоус, јави Си-Ен-Ен.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Во Грција рекорден број починати од ковид-19

Следно

„Шарска белина – шарска убавина” – Се отвора скијачката сезона на Попова Шапка

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian