Пет скопски јавни претпријатија добија нови директори

1 min read

Четири скопски јавни претпријатија добија нови директори поставени од градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

Јане Мицевски е нов директор на јавното комунално претпријатие – депонијата „Дрисла“, а доаѓа на местото на Коста Начевски, којшто беше назначен од Петре Шилегов, екс-градоначалникот на Град Скопје.

И скопската Зоолошка градина доби нов директор. Од вчера функцијата в.д. директор на Зоолошката градина во Скопје ја врши Кристијан Стаменов, а Тина Мицковска е негова заменичка. Назначен е откако претходниот директор Ѓорги Галетановски си поднесе оставка од оваа функција.

Иван Илиевски е нов в.д. директор на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје (ЈСП), на местото на досегашниот директор Кристијан Чушков кој е разрешен од функцијата.

Борис Настов е назначен за нов в.д. директор на ЈП „Улици и патишта“ Скопје откако претходно од директорската позиција беше разрешен Горан Симоновски.

И ЈП „Лајка“ има нов директор веќе десетина дена. На местото на Тина Петрушевска за в.д. директор е поставен Воислав Димитровски. 

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

Ранг листа на најпочитуваните луѓе во светот: Обама и Гејтс пред Путин

Следно

Докторката која го откри сојот омикрон: Многу земји се хистерични, состојбата не е толку ризична

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian