Општина Гази Баба организира хуманитарна акција, ќе се поделат 500 хуманитарни пакети

1 min read

Општина Гази Баба организира голема хуманитарна акција под мотото „Биди општествено одговорен – ДОНИРАЈ“.

Акцијата е на иницијатива на градоначалникот на општината Бобан Стефковски и, како што е најавено, има за цел да се обезбедат 500 хуманитарни пакети со намирници во храна кои ќе бидат поделени на социјални семејства од територија на Општина Гази Баба.

За спроведувањето на акцијата, како што информираат од Општината, денеска бил потпишан меморандум за соработка помеѓу Општина Гази Баба и „Макстил“, „Либерти Скопје“, „Мак Аутостар“, „Пивара Скопје“ и „Виталиа“, приватни компании кои прифатиле соработка за спроведување на оваа хуманитарна акција.  

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

ФОТО | Маријан Стојаноски стана татко по втор пат: Добредојде за малечкиот Петар!

Следно

ЕУ ја зајакнува борбата против еколошкиот криминал

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian