ООУ „Страшо Пинџур“ во општина Ѓорче Петров, во кое 20 отсто од учениците се од ромска популација доби грант од Фондацијата „Чекор по чекор“ за проектот „Редовно на часови“-акција за вклучување на Ромите во основното образование.
Со средства од проектот беше опремена една просторија – катче за сите ученици од училиштето со акцент на децата од ромската популација, а денеска во посета на училиштето беше првиот човек на општината, Александар Стојкоски.
-Секогаш е корисна дружбата со најмладите. Ја искористив можноста да поразговарам со учениците во училниците, но и со децата што ја користат просторијата. Истата ќе биде наменета за активности и состаноци на ученичкиот парламент и психолошки работилници за унапредување на менталното здравје на учениците што е одлична идеја. Активно продолжуваме во насока на еднакво образование и инклузија за сите деца, рече Стојкоски.
Извор: skopjeinfo.mk