Назадни сили во Бугарија и С. Македонија не сакаат да се реши спорот, вели бугарски аналитичар

1 min read

Бугарскиот аналитичар Владимир Владимиров смета дека секој кој го следел развојот на спорот меѓу Македонија и Бугарија знае дека многу политичари од двете страни придонеле за да се најдеме во оваа ситуација.

-Влеговме во таков ќор-сокак од кој тешко ќе излеземе. Можам да тврдам дека надворешните сили, трети држави учествуваа во овој спор. Секој кој би предложил решение преку разумни чекори и во двете земји ќе биде нападнат со фрази како предавник, вели Владимиров во разговор за ТВ Сител.

Според него, ретроградни сили во двете држави не сакаат да имаме решавање на спорот.

-Сметам дека со ваквиот предложен пристап од страна на Петков има големи шанси работите да влезат во пријателска и прагматична фаза, во која и би требало да бидат односи меѓу нас. Оптимист сум, додава Владимиров.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Шолц им објави војна на антиваксерите: Германскиот канцелар ја претстави програмата на новата влада

Следно

ФОТО: Без победник на дербито во Битола, Е. Пелистер и Вардар ги поделија бодовите

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian