Михаиловска: Итната помош нема да се приватизира, опозиција со блокадата на законот ги штити интересите на приватните болници

1 min read

„Брзата помош не се приватизира, само ќе се зголемат нејзините ресурси за и граѓаните од руралните средини да имаат постојана здраствена заштита”, вели пратеничката Соња Михаиловска, член на парламентарната комисија за здравство, демантирајќи ја опозицијата дека итната медицинска помош се приватизира во Јавните здравствени установи.

Законската измена не ги изложува граѓаните на дополнителни трошоци, тврди пратеничката Михаиловска, туку Итната помош на приватните болници ќе се користи бесплатно.

Денешната собраниска комисија беше прекината откако Левица и ВМРО – ДПМНЕ поднесоа 1200 амандмани по измените на Законот за здравствена заштита.

„Дали блокадите од опозицијата се со цел да го заштитат монополот на приватните болници”- запраша на прес- конференцијата социјалдемократката Соња Михаиловска.

Таа е изненадена и од коментарите за трансплантација во приватното здравство, иако амандмански веќе е повлечена.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ЕУ ја зајакнува борбата против еколошкиот криминал

Следно

Вардар елиминиран, Пелистер последен полуфиналист во Купот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian