Повторно се шпекулира околу иднината на македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски кој моментно ги брани боите на Ал-Ахли од Саудиска Арабија.
Екс играчот на Лидс чии навивачи и натаму коментираат на социјалните мрежи и жалат што Македонецот не е повеќе на „Еланд роуд“, пред седум дена се поврзуваше со враќање во Европа, поточно во Италија.
Турските медиуми денеска пренесуваат дека Трабзонспор би можел да биде следниот клуб во кариерата на Алиоски.
Тренерот на Трабзонспор, Абдулах Авџи кој не е задоволен од Норвежанецот Андерс Трондсен, ја следи ситуацијата со нашиот играч.
Ал-Ахли бара 2,5 милиони евра за услугите на Алиоски кој има договор со клубот до 2023 година. Од друга страна, Трабзонспор сака да го комплетира трансферот за 1,5 милион евра.
#FLAŞ | 🔥Trondsen gidiyor Alioski geliyor!🔥 https://t.co/hXblVluYEB
— Karadeniz (@Karadeniz_Gzts) December 15, 2021
Трабзонспор моментно во турската Суперлига е на првото место со 39 бодови, девет повеќе од второпласираниот Коњаспор.