Играчите на Реал, Модриќ и Марсело позитивни на ковид-19

1 min read

Денеска Реал Мадрид ја информираше јавноста дека двајца фудбалери на „кралскиот“ клуб се позитивни на ковид-19.

Играчот од средниот ред на Реал и капитен на хрватската фудбалска репрезентација Лука Модриќ и бразилскиот лев бек Марсело добија позитивен тест за коронавирус.

Од Реал наведуваат дека и двајцата се во самоизолација и дека најверојатно ќе ги пропуштат натпреварите против Кадиз и Атлетик Билбао

„Кралевите“ се моментно првопласирани во шпанската „Ла Лига“ со 42 бодовуи, осум повеќе од второпласираната Севиља. Во тамошното првенство Модриќ има 12, а Марсело само три настапи.

Исто така во понеделникот Реал објави дека во нивниот кошаркарски тим се позитивни тренерот Пабло Ласо и играчот Томас Ертел.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Јужна Африка: Две дози од вакцините Фајзер штитат од хоспитализација во 70 проценти од случаите на омикрон

Следно

Шмит: Додик мора да го води дијалогот, имам подготвени одредени мерки за него

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian