ФОТО | Никола Роквиќ, синот на Маринко: „Без него остана тага и празнина, верувам дека сега е на подобро место“

2 mins read

Поминаа 40 дена откако почина големиот балкански пејач на севдалинки, Маринко Роквиќ, кој ја загуби борбата со ракот на панкеасот. Имаше 68 години.

Неговиот син Никола Роквиќ, во интервју за еден српски магазин отворено зборуваше за борбата на Маринко со страшната болест, и тагата низ која семејството поминува откако Маринко не е повеќе меѓу нив.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikola Rokvic (@nikolarokvic)

На прашањето како се чувствуваат за време на овој тажен период, Никола одговори:

„Откако Маринко го нема, чувствуваме многу помешани емоции, сеќавања… Моето семејство пред се’ чувствува љубов, што го имавме, за татко, сопруг, брат, дедо… Бев присутен кога ми се раѓаа децата, и кога почина татко ми. Во тој миг се чувствува онаа безгранична љубов кон најблиските, која не ја забележувате дека ја имате низ животот“ – вели тој.

Тагата, празнината се само дел од емоциите кои го завија семејството, но гордоста што Маринко оставил многу зад себе, е силна и ги одржува во живот.

„Една година се боревме заедно со Маринко против болеста и знаевме дека шансите да преживее се мали, но никогаш не изгубивме надеж. Неговата сила и здравиот начин на кој живееше, како и огромната желба за живот, ни даваше и нас сила.“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikola Rokvic (@nikolarokvic)

Синот додава дека Маринко бил од мало место и на само 14 години доаѓа во Белград и успешно почнува кариера, создава семејство, и секогаш бил храбар, заштитнички настроен кон семејството.

„Верувам дека татко ми е сега на некое подобро место“

Потресен пост од синот на Маринко Роквиќ: Кој ќе кажеше дека ова ти е последен концерт, и тоа со твоите два сина!

Србија тагува по пејачот Маринко Роквиќ кој пред да почине изјави „ Не сум добро, семејството е покрај мене, ве молам за разбирање“

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Вардар елиминиран, Пелистер последен полуфиналист во Купот

Следно

Законот за младинско учество и младински политики во фаза на имплементација во општините Аеродром, Гази Баба и Кисела вода

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian