ФОТО | Маријан Стојаноски стана татко по втор пат: Добредојде за малечкиот Петар!

1 min read

Изминативе години се голем бериќет и радост за нашиот пејач Маријан Стојаноски. Тој во 2019 година се вери со неговата девојка, Наташа Каранџулоска.

Летото во 2020 го кажаа судбоносното „да“, а истата година му се роди и првото дете, ќеркичката која го доби името Вероника. Марјан и Наташа беа долги години заедно, но никогаш не ја експонираа нивната врска, а и венчавката ја направија во кругот на најблиските.

Но, и 2021 година за Маријан носи голема среќа – тој на својот фејсбук профил се пофали дека станал татко на уште едно дете. Имено, Маријан сподели дека му се родил син, кој ќе се вика Петар.

Маријан Стојаноски/Prinstcreen/Facebook
Маријан Стојаноски/Prinstcreen/Facebook

Да е жив и здрав малечкиот, честитки до среќните родители и сестричката Вероника!

Мала забава: Маријан Стојановски рипна во тавче – погледнете како изгледа неговата избраничка (ФОТО)

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Шмит: Додик мора да го води дијалогот, имам подготвени одредени мерки за него

Следно

Општина Гази Баба организира хуманитарна акција, ќе се поделат 500 хуманитарни пакети

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian