ФОТО: Без победник на дербито во Битола, Е. Пелистер и Вардар ги поделија бодовите

3 mins read

Денеска во дербито на домашната Суперлигата во салата „Боро Чурлевски“ во Битола ремизираа екипите на Е. Пелистер и Вардар 1961 со резултат 27:27 пред скоро полни трибини. Битолската екипа имаше огромна поддршка од своите навивачи, а скопскиот клуб исто така беше бодрен од одредена група на фанови.

Во најголемото македонско дерби немаше победник, бевме сведоци на голема борба на теренот за секоја топка, првото полувреме заврши во корист кое го добија скопските „црвено-црни“ со 13:17, а во вториот дел подобри беа домаќините во кој беа подобри со 14:10, на крајот двете екипи ги поделија бодовите, реми на кое повеќе се радуваше Вардар.

Гостинскиот состав предводен од привременото тренерско решение Владо Недановски имаше одлични први 30 минути во кои некаде на средината од првиот дел успеа да се одвои со поголема разлика. Вардарци играа добро во одбраната, додека во нападот ги имаа расположените Гаџа, Тото, но и Талески кој со својот втор последователен гол зголеми на 9:12.

еурофарм пелистер вардар
Борба за секоја топка, за секој шут, на крајот Е. Пелистер имаше и шанса да да го победи големиот ривал/Фото: instagram.com/rkeurofarmpelister/

Салата беше преполна, се создаваше притисок од домашните навивачи, но „црвено-црните“ играа добро и не потпаднаа на притисокот. После една контра, Дибиров додаде до Гаџа, кој со својот втор зголеми на највисоки 12:17.

После само две минути игра во вториот дел, E. Пелистер успеа да ја преполови негативата и да намали на 15:17. Гостите ја вратија предноста од четири гола, во 40. минута таа изнесуваше 17:21. Вардарци имаа и шанса да дојдат до „плус пет“, но не го искористија својот нападот, па казнија на спротивната страна домашните играчи за ново намалување на 20:22. Следуваше повцрста одбрана на Е. Пелистер, а гостинските напади не функционираа најдобро. Брзиот Периќ намали на 24:25, а потоа еуфорија се случи на трибините кога израмни Граџан со 26:26.

плишани играчки
Во хумана акција, на паузата навивачите фрлија плишани играчки наменети за дечињата од ранливите категории/
Фото: instagram.com/rkeurofarmpelister/

Во финишот Мандалиниќ од седум метри донесе и водство за домашната екипа, нејзиниот ривал не го искористи својот напад и кога требаше само паметно да ја држат топката во своите раце, домаќините непотребно ја загубија топката, ја украде Вардар кој преку Дибиров стрелаше за реми.

Во листата на стрелците кај домаќините седум голови запиша Мандалиниќ, шест Обрадовиќ, пет Периќ, а на спротивната страна Гаџа запиша осум голови.

Во оваа рунда се одигра уште еден меч, Охрид убедливо славеше над Радовиш со 34:23. На табелата врвот го делат Е. Пелистер и Вардар со по 40 бодови, Охрид е седмопласиран со 22, додека последен е Радовиш со три.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Назадни сили во Бугарија и С. Македонија не сакаат да се реши спорот, вели бугарски аналитичар

Следно

Револуционерна вакцина пристигнува од Јапонија: Го запира стареењето

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian