Завршница на скандалот со злоставувани гимнастичарки, жртвите на Лери Насар ќе добијат 380 милиони долари отштета

2 mins read

Гимнастичарките кои беа сексуално злоставувани од страна на Лери Насар, поранешниот доктор на американската репрезентација, се согласија да добијат отштета од 380 милиони долари. Со ова конечно затворено последното поглавје во еден од најголемите случаи на сексуално злоставување во историјата на спортот, пишува „Њујорк тајмс“.

Повеќе од 330 спортистки се согласија да добијат отштета, а меѓу нив се и олимписките шампиони како Симон Бајлс, Мекејла Марони и Али Рајсман кои биле жртви на сексуално злоставување од Насар или од некој друг во светот на гимнастиката.

– Ниту еден паричен износ никогаш нема да ја поправи направената штета и низ се што поминаа овие жени. Но, во некој момент, преговорите мора да завршат бидејќи на овие жени им е потребна помо и тоа веднаш – изјави Рејчел Денхоландер, една од жрвите на Насар која беше дел од преговорите за отштета.
Случајот со лекарот Лери Насар предизвика бура во јавноста во САД, не само поради тежината на криминалот туку и поради податокот дека организациите не успеваат да ги заштитат своите спортисти.
Мекејла Марони за време на судскиот процес се потсети и неправдата, односно обидот на ФБИ во 2015 година да го заташка случајот.

– Откако на ФБИ во 2015 година ја раскажав целата приказна за сексуално вознемирување, не само што ФБИ не пријави дека сум злоставувана, туку 17 месеци подоцна кога го документираа случајот, изнесоа лажни тврдења за мојот исказ. Уморна сум од екање луѓето да ја направат вистинската работа бидејќи моето искуство беше доволно и заслужуваме правда – изјави Марони.
Лери Насар во 2018 година е осуден на повеќе од 300 години затвор поради злоставување на гимнастичарките меѓу кои беше и олимписката шампионка Симон Бајлс.

Со овие 380 милиони долари, вкупната сума на име на отшетат на криминалите на Насар ќе бидат иплатени вкупно 880 милиони долари бидејќи во 2918 година, Мичиген Стејт универзитетот на кој имаше сексуално злоставување на гимнастичарки како и во репрезентацијата на САД, се согласи да плати 500 милиони долари отштета.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Прекрасна вест: Бебето родено на ГАК со 665 грама заминува дома со 2190 грама

Следно

Вучиќ: Одлична вест утрово од Брисел, голем успех за Србија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian