Загрижувачки симптом на рак на белите дробови: Може да се појави во рацете и рамената, но и на лицето

2 mins read

Симптомите на рак на белите дробови не е секогаш лесно да се откријат во рана фаза, но по правило раното откривање на ракот дава најдобри шанси за негово лекување. Освен вообичаените симптоми како долготрајна кашлица, ви претставуваме неколку знаци на кои треба да обрнете внимание.

Најчестата форма на рак на бели дробови се јавува во дишните патишта кои водат до белите дробови, а тоа често предизвикува симптоми како краток здив, свирење и долготрајна кашлица со крв или слуз.
Ако туморот се наоѓа на врвот на белите дробови, може да создаде притисок на нервите и крвните садови кои одат во раката, што тогаш може да предизивика болка и слабост во екстремитетите. Често таа слабост е проследена со упорно чувство на прободување.

Уште еден знак кој се појавува во раната фаза на ракот на бели дробови се промените во прстите – врвовите на прстите се отечени поради недостатокот на кислород.

Освен што предизвикува болка или слабост во раката, рамената и понекогаш и во градниот кош во некои случаи, туморот може да го притисне протокот на крвта во главата, што резултира и со отекување околу лицето.

Други симптоми што може да упатуваат на рак на белите дробови:

– Кашлица која не исчезнува по 2 или 3 недели;
– Долготрајна кашлица која се влошува;
– Инфекции во градниот кош кои постојано се повторуваат;
– Искашлување крв;
– Болка при дишење или кашлање;
– Долготрајнен недостаток на воздух;
– Постојан замор или недостаток на енергија;
– Губење на апетит или необјасниво губење на телесната тежина.

Многу често голем дел од наведените симптоми може да бидат предизивикани и од други болести, но одржувањето на општото здравје и избегнувањето на ризичните фактори се првите чекори во намалувањето на ризикот од рак на бели дробови.

Ракот на белите дробови често се шири побрзо од другите форми на рак, при што клетките на ракот се шират преку крвта и во другите делови на телото, а тоа неретко значи и дека овој вид на рак се открива дури откако ќе се прошири.

Повеќето од оние кои ја имаат оваа дијагноза се постари од 60 години и/или се пушачи.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Едно општество за сите: Ова што го прави Бугарија не е само атак на македонскиот народ туку и на државата и сите оние кои живеат во неа

Следно

Кој и зошто не сака решавање на проблемот со незаконските продавачи паркирани на улица Маџари, пред пазарот во Ченто?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian