Забрана за е-скутери во јавниот градски превоз во Лондон

1 min read

Користењето е-скутери во јавниот градски сообраќај во Лондон е забрането поради опасност од запалување на нивните батерии.

Забраната е воведена откако минатиот месец се запали е-скутер во метрото на станицата Парсонс Грин.

Компанијата Транспорт фор Лондон (Transport for London – TfL) утврдила дека неисправните литиумски батерии можат да предизвикаат запалување на е-скутерот.

– Овој преглед откри дека инцидентите кои се случиле биле предизвикани од неисправни литиум-јонски батерии кои експлодирале без предупредување, се наведува во соопштението на TfL.

Тоа довело до пожари кои предизвикале ослободување на отровен чад.

– TfL смета дека ако ова се случи во затворен простор како што е метро или автобус, може да има значителна штета и за патниците и за персоналот, како и секундарни повреди на патниците кои се обидуваат да избегаат, се додава во соопштението.

Забраната се однесува на сите TfL услуги, вклучувајќи метро, ​​автобуси и трамваи.

Лондонската противпожарна бригада, исто така, ја поддржа забраната, велејќи дека добила повици да интервенира на повеќе од 50 пожари во кои биле вклучени е-скутери и е-велосипеди во 2021 година.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Здруженијата за заштита на животните ја предлагаат Тина Мицковска за нов директор на ЗОО Скопје

Следно

Повремени локални врнежи од снег в петок и сабота

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian