Селекторот на Словенија, Љубомир Врањеш го објави списокот на ракометари на кои ќе смета на Европското првенство кое во јануари ќе се одржи во Унгарија и во Словачка каде се наоѓа во група со Македонија.
Врањеш на првиот дел од подготвките ќе има на располагање 21 ракометар, а пред настапот на ЕП, бројката ќе се намали и 18 играчи. Најзвучно име кое отпадна од списокот на Врањеш е ракометарот на ПИК Сегед, Дејан Бомбач, а на ЕП исто така нема да играат ниту Марио Шоштариќ, Игор Жабиќ, Јака Малус…
Стартот на подготовките на Словенците е закажан за 26 декември, а планирано е да одиграат три контролни натпревари, еден против Хрватска (29 декемврии) и два против Италија (5 и 7 јануари).
Словенија на ЕП се наоѓа во групата А заедно со Македонија, Данска и Црна Гора, а првиот натпревар ќе го игра токму против избраниците на Кирил Лазаров на 13 јануари.