Вечерва во тек е голема полициска акција на влезот на Скопје од Тетово, објави Канал 5, повикувајќи се на извори во истрагата. Запленети се над 100 килограми марихуана, а приведени се повеќе лица.
Од МВР само потврдуваат дека во тек е акција, а детали најавуваат по нејзиното завршување, во текот на утрешниот ден.
Ова е втора голема заплена во период од два дена, откако МВР деновиве исто така заплени околу 100 килограми марихуана.