ВИДЕО: Тејтум го сруши шампионот, Кари на две тројки од рекордот на Ален

1 min read

Бостон селтикс со 117:103 го совлада актуелниот шампион, Милвоки бакс и тоа благодарение на одличниот Џејсон Тејтум. Крилото на Бостон, постигна 16 од своите 42 поени во последната четвртина. Тејтум имаше голема помош од Џејлен Браун кој се врати по повредата и постигна 19 поени. Кај Милвоки, најдобри беа Јанис Адетокумпо и Џру Холидеј кои дадоа по 20 поени.


Во дербито на вечерта во НБА лигата, ЛА Клиперс му го нанесе петтиот пораз на Феникс оваа сезона откако славеше со убедливи 111:95.

Најдобар кај клиперс беше Маркус Морис со 24 поени и 11 скокови, Реџи Џексон даде 19 поени. Феникс кој одреден период игра без Девин Букер, сега не можешеда смета ниту на Деандре Ејтон и во нивно отсуство најдобар кај „сонцата“ беше Камерон Џонсон со 17 поени.


Денвер нагетс со 113:107 го совлада Вашингтон, а неговата прва ѕвезда Никола Јокиќ беше исклучен во последната четвртина поради приговор кон судиите.
До исклучувањето, Јокиќ доминираше на паркетите со 28 поени, 19 скокови и девет асистенции.


На Стеф Кари му недостасуваат само уште две тројки за да го претекне Реј Ален и да стане кошаркар со постигнати највеќе тројки во историјата на НБА лигата. Кари во победата на Голден Стејт од 102:100 над Индијана постигна пет тројки, а натпреварот го заврши со 26 поени.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | ЕУ е свесна дека Балканот се радикализира, ама не е заинтересирана за проширување

Следно

Четврта среќа: Ким Кардашијан конечно го положи првиот правен испит и прослави со фотосесија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian