Новозеландската премиерка Џасинда Ардерн во интервјуто за локалната станица изјавила дека „семафор системот“, кој почнува да се применува во земјата, ќе ги дозволи и најинтимните собири, пренесува „Lad bible“.
Премиерката на Нов Зеланд Џасинда Ардерн потврди дека на жителите на Окланд законски им е дозволено и да учествуваат во оргиите, по изолацијата поради коронавирусот.
На прашањето да објасни некои од „пофините“ детали за системот, Ардерн рекла дека сè е дозволено, од излегувања па до оргии.
Но, само ако во просторијата нема повеќе од 25 луѓе.
„Можам да потврдам дека врските на Тиндер се повторно отворени. Тоа не е баш строго вклучено во „семафор системот“, но, во црвено се дозволени 25 луѓе“, рекла премиерката низ смеа.
yeah, but did your PM go on national television to officially announce that *checks notes* orgies can resume? pic.twitter.com/cG4YyIvEZT
— Calliope Ryder (@callioperyder) December 10, 2021
Нов Зеланд се префрли на таканаречениот семафор систем на мерки, заснован на тоа дали луѓето живеат во црвената, жолтата или зелената област.
Овие мерки беа воведени по појавата на новиот, позаразниот сој омикрон на коронавирусот на кој вакцините, се чини, не делуваат доволно ефикасно.
Нов Зеланд имаше некои од најстрогите мерки за ковид-19 во светот во текот на пандемијата и продолжи со строги ограничувања на границата. Ардерн рекла дека властите вредно работат на тоа за да го спречат влегувањето на омикронот во земјата.
Извор: www.slobodenpecat.mk