„The Power of the Dog“ и „Belfast“ со најмногу номинации за „Златен глобус“ 2022 година

4 mins read

Објавени се номинациите за 79. годишни награди „Златен глобус“, со кои се прославуваат најдобрите од телевизија и филмот.

Филмовите „The Power of the Dog“ и „Belfast“ водат во номинациите за филмови, освојувајќи по седум номинации.

Најмногу номинации за ТВ сериите заработи драмата на HBO „Succession“ со пет, а потоа следат „Ted Lasso“ на Apple и „The Morning Show“ со по четири номинации.

Раперот Снуп Дог ги објави номинираните.

Неколку медиумски партнери, вклучително и NBC, кој претходно го емитуваше Златниот глобус, одлучија да не учествуваат јавно на церемонијата оваа година поради проблеми со различноста во рамките на Здружението на странски новинари во Холивуд (HFPA), групата која стои зад настанот.

HFPA ја објави својата „најразновидна“ класа на нови членови во октомври и планира да го продолжи шоуто – со или без домашни преноси или номинирани кои ќе присуствуваат на настанот на 9 јануари, јавува CNN.

Погледнете ја листата на номинирани подолу:

Најдобар актер во телевизиска серија – мјузикл или комедија

Ентони Андерсон, „Black-ish“; Николас Холт, „The Great“; Стив Мартин, „Only Murders in the Building“; Мартин Шорт, „Only Murders in the Building“; Џејсон Судеикис, „Ted Lasso“.

Најдобра актерка во телевизиска серија – мјузикл или комедија

Хана Ајбиндер, „Hacks“; Ел Фанинг, „The Great“; Иса Реј, „Insecure“; Трејси Елис Рос, „Black-ish“; Џин Смарт „Hacks“.

Најдобар актер во телевизиска серија – драма

Брајан Кокс, „Succession“; Ли Јунг Џеј, „Squid Game“; Били Портер, „Pose“; Џереми Сронг, „Succession“; Омар Си, „Lupin“.

Најдобра актерка во телевизиска серија – драма

Узо Адуба, „In Treatment“; Џенифер Анистон, „The Morning Show“; Кристин Барански, „The Good Fight“; Елизабет Мос, „The Handmaid’s Tale“; Мј Родригез, „Pose“.

Најдобар актер во ограничена серија или филм направен за телевизија

Пол Бетани, „WandaVision“; Оскар Исак, „Scenes From a Marriage“; Мајкл Китон, „Dopesick“; Еван Мек Грегор, „Halston“; Тахар Рахим, „Serpent“.

Најдобра актерка во ограничена серија или филм направен за телевизија

Џесика Честејн, „Scenes From a Marriage“; Ситнија Ериво, „Genius: Aretha“; Елизабет Олсен, „WandaVision“; Маргарет Кволи, „Maid“; Кејт Винслет, „Mare of Easttown“.

Најдобра телевизиска драмска серија

„Lupin“, „The Morning Show“, „Pose“, „Squid Game“, „Succession“.

Најдобра ограничена телевизиска серија или филм направен за телевизија

„Dopesick“, „Impeachment: American Crime Story“, „Maid“, „Mare of Easttown“, „The Underground Railroad“.

Најдобрата телевизиска серија – мјузикл или комедија

„The Great“, „Hacks“, „Only Murders in the Building“, „Reservation Dogs“, „Ted Lasso“.

Најдобар филм – мјузикл или комедија

„Cyrano“, „Don’t Look Up“, „Licorice Pizza“, „Tick, Tick … Boom!„, „West Side Story“.

Најдобар филм – драма

„Belfast“, „CODA“, „Dune“, „King Richard“, „The Power of the Dog“.

Најдобар филм – странски јазик

„Compartment No. 6“, „Drive My Car“, „The Hand of God“, „A Hero“, „Parallel Mothers“.

ИЗВОР:  lokalno.mk

Претходно

Том Харди „залутал“ на снимањето на новиот „Matrix“ – можеби ќе остане во филмот

Следно

Битиќи: Пост ковид периодот е шанса да создадеме регион кој ќе биде конкурентен и атрактивен

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian