Прв случај на омикрон во Кина

1 min read

Здравствени лица објавија дека лицето во северниот западен град Тианџин било тестирано позитивно на новата варијанта на коронавирусот на 9-ти декември. Тоа немало симптоми, и сега се наоѓа во карантин и под засилен медицински надзор.

Ова е прв случај на Омикрон во Кина, и доаѓа две години откако се појави коронавирусот во градот Вухан. Кина воведе стратегија со „нула толеранција“, која вклучува масовно тестирање, продолжен карантин, како и други ригорозни мерки.

Здравствените власти ширум светот предупредија дека Омикрон е пронајден во повеќе од 60 држави во светот откако се појави во Јужна Африка, и наскоро може да го ја надмине варијантата Делта како најдоминантен сој.

Данска предупреди дека Омикрон може да поттикне 10.000 заразени до крајот на неделата, а слична слика има и во Норвешка каде дневно има по 4700 нови заразени случаи од Ковид.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Скопјанец каснат од куче на кејот во Центар

Следно

Втора хуманитарна акција на Кристијан Станковски – Бомбакис

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian