Научниците предупредуваат на драматични промени на Антарктикот

1 min read

Научниците предупредуваат на драматични промени кои би можеле да се случат во следните пет до 10 години на Твитс, еден од најголемите глечери на Антарктикот, јавува Би-Би-Си.

Истражувачите тврдат дека предниот дел на глечерот, кој досега бил релативно стабилен, би можел многу лесно да се скрши.

Во исто време, американски и британски научници работат на интензивно проучување на динамиката на топењето на глечерите.

Иако околу 50 милијарди тони мраз се топат во океаните секоја година, актуелните настани имаат ограничено влијание на глобалното ниво на морето, но целосното топење на глечерите може да ја зголеми висината на океанот за 65 см.

Малку е веројатно дека таквото сценарио на поплава и „судниот ден“ ќе се случи во наредните векови, меѓутоа, истражувачите предупредуваат дека глечерот „Твитс“ веќе реагира многу брзо на глобалното затоплување.

„Ќе се случат драматични промени на предниот дел на глечерот, веројатно за помалку од десет години“, предвидуваат истражувачите.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Татко пријавил физички напад врз малолетната ќерка

Следно

„Металците“ со пресврт до победа и второ место на табелата во АБА2

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian