„Металците“ со пресврт до победа и второ место на табелата во АБА2

2 mins read

Кошаркарите на МЗТ СКопје продолжуваат со одличните настапи во АБА2 лигата и ја остварија четвртата победа во петте кола.

На третиот турнир сезонава, кој се игра во Сараево, „металците“ со пресврт го совладаа Хелиос со 94:88 и ја забележаа третата победа по ред со која се втори на табелата, веднаш зад лидерот Борац Бања Лука кој нема пораз досега.

Во првото полувреме, „металците“ само еднаш беа во водство и тоа на почетокот (2:0),  по што контролата над резултатот ја презедоа играчите на Хелиос. Најголемата негатива на МЗТ Скопје во првата четвртина изнесуваше минус седум (15:22), додека на одмор се замина со двоцифрена негатива (35:45).

Третата четвртина започна со поени на Хелиос кој поведе со 35:47. Но, од тие моменти „металците“ заиграа далеку подобро и направија серија од 8:0 со која ја вратија резултатската неизвесност (43:47). До крајот на третиот дел, „металците“ се обидуваа да дојдат до израмнување но не успеаја и по 30 минути игра резултатот беше 61:64.

Избраниците на Дарко Радуловиќ фуриозно ја започнаа последната четвртина, со серија 10:0 од кои осум постигна Вер, поведоа со 71:64  и предноста не ја испуштија до крајот за конечни 94:88 и четврта победа сезонава во АБА2 лигата.

Дастин Вер со дабл-дабл од 23 поени и 13 асистенции беше најдобар кај МЗТ Скопје, а се истакнаа и Адем Мекиќ со 20 поени и девет скокови и Рикиќ со 21 поен и осум скока. Кај Хелиос пак со 20 поени најефикасен беше Ферме. Наредниот натпревар во АБА2 лигата, МЗТ Скопје ќе го игра за два дена против Спарс Сараево.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Научниците предупредуваат на драматични промени на Антарктикот

Следно

ФОТO+ВИДЕО | Најголемиот син сафир најден во Шри Ланка го восхити светот!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian