Истражување откри зошто Хрватите не сакаат да се вакцинираат против ковид-19

3 mins read

Авторите на студијата под назив „Одредници и причина за неодлучноста околу вакцинацијата против ковид-19 во Хрватска“ се социолозите Драган Багиќ од Филозофскиот факултет во Загреб и Андријана Шуљок и Бранко Анчиќ од Институтот за социјални инстражувања, а направена е како дел од проектот на Хрватски изданија за наука „Отпорност на хрватското општество среде ковид-19 пандемијата“.

Целта на истражувањето беше да се утврди кој се одбива да се вакцинира и зошто не сака да се вакцинира, а истражувањето е спроведено на 765 испитаници.

Покажа дека повеќе од третина од испитаниците се двоуми или дефинитивно одбива да се вакцинира против ковид-19. Најчесто како причина го наведуваат стравот дека таа вакцина не е доволно безбедна, но и ефикасна. Освен тоа, како причини се наведуваат преферирањето на природен имунитет, односно прележување на болеста отколку вакцинирање, но дел од тие испитаници, кои се двоумат или се сомневаат, искажува и општо недоверба кон вакцините.

Студијата покажа дека кон двоумење или одбивање најсклони се младите испитаници, жените, испитаниците со понизок степен на образование и испитаници од помали населени места, а слични наоди покажаа и странски студии.

-Тоа се групи кон кои треба да се насочи кампањата, имајќи ги во предвид причините за нивното двоумење односно одбивање на вакцините, но и степенот на (не)доверба кој ја искажуваат во одредени институции како потенцијални комуникациски канали. Секако треба да се има на ум дека на дел од тие граѓани не може да се влијае, односно малку е веројатно дека ќе си го сменат мислењето. Нашата студија покажа и дека испитаниците кои искажуваат недоверба во науката се посклони кон двоумење/одбивање да се вакцинираат, нагласува Шуљок.

Таа смета дека терминот антиваксери за сите оние кои се мислат или одбиваат да се вакцинираат против ковид-19 не е соодветен, зошто дел од нив не искажуваат сомеж во вакцинирањето генерално.

-Етикетирањето на сите, па така и на оние, кои, на пример, примарно се плашат од оваа вакцина затоа што е нова, развиена со забрзана процедура, како антиваксери ги туркаме кон групата на „вистински“ антиваксери и теоретичари на заговори, што може да има негативни последици низ порастот на отпорот кон ’редовните’ вакцини, истакнува Шуљок.

Таа објаснува како јавно-здравствената кампања на дел од граѓаните не успеа да им ја пренесе пораката за опасноста на вирусот, за што придонесоа и дисонантните тонови кои доаѓале од Владиниот научен совет, како и доминантниот јавен наратив дека тешко заболуваат главно постарите и потешко болните лица.

-Исто така, потфрливме во обидот да ги поттикнеме граѓаните на вакцинација, повикувајќи се примарно на солидарност со слоганот „вакцинирај се, мисли на другите“, при што не зедовме во предвид дека граѓаните имаат различни социјални вредности, па така и оние индивидуални па подготвеноста за солидаризирање со време спласнува поради заморот од пандемијата“, рече Шуљок за „Јутарњи лист“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ќе биде дерби за мерак, и Комитите одат во Битола

Следно

ВИДЕО | „Оргиите се повторно дозволени, но под еден услов!“: Премиерката на Нов Зеланд ги потврди новите мерки

Latest from Blog

Челси го купува Кунде

Дефанзивецот на Севиља, Жил Кунде ќе биде првото заилување на Челси откако ќе биде официјализирана продажбата

MacedonianEnglishAlbanian