Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кандидат за гувернер на Норвешка

1 min read

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, е меѓу кандидатите заинтересирани да станат идниот гувернер на Централната банка на Норвешка, соопшти денеска Министерството за финансии на таа земја, пренесува „Ројтерс“.

„Министерството за финансии ме контактираше во ноември и ме праша дали ќе размислам да се пријавам за таа позиција. Сега го направив тоа и тоа е работа за која сум многу мотивиран“, изјави Столтенберг за новинската агенција НТБ.

Работата гувернер треба да почне на 1 март, но Столтенберг вели дека прво би требало да го заврши мандатот во НАТО, кој трае до крајот на септември 2022 година.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Битиќи: Пост ковид периодот е шанса да создадеме регион кој ќе биде конкурентен и атрактивен

Следно

Прекрасна вест: Бебето родено на ГАК со 665 грама заминува дома со 2190 грама

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian