ФОТO+ВИДЕО | Најголемиот син сафир најден во Шри Ланка го восхити светот!

1 min read

Властите во Шри Ланка го претставија како што и самите рекоа „Најголемиот природен сафир на светот“.

Овој сафир е пронајден пред три месеци во јама за ископување драгоцени камења и тежи импозантни 310 килограми. Неговиот „сјај“ веќе го обиколи светот. Во моментов е изложен во куќата на еден од сопствениците на јамата.

син сафир, Шри Ланка
EPA-EFE/CHAMILA KARUNARATHNE

Локалните професионалци кои го прегледувале сафирот, изјавија дека овој примерок е еден од најретките на светот, затоа што тежи преку 300 килограми во природниот облик како што е најден –  пренесуваат светските медиуми.

Сафирот наречен „Кралицата на Азија“ е изложен во градот Хоран.

На откривањето на овој фасцинантен драгоцен камен, присуствуваа и група будистички монаси. Каменот е пронајден во областа Ратнапура, која е богата со драгоцена руда. Локалците и порано во таа област среќавале сафир во одредени делови од земјата, и тоа низ дворови од куќите.

Па да тргнеме кон Шри Ланка уште денес, да си ја пробаме среќата!

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

„Металците“ со пресврт до победа и второ место на табелата во АБА2

Следно

Две лица се степале поради паркинг

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian