ФОТО | Шарлот од „Сексот и градот“ ги опцу сите што коментираа дека изгледа како Џокер!

1 min read

Откако се врати во улогата на Шарлот Јорк, во продолжението на „Сексот и градот“, 56 годишната Кристин Дејвис не криеше дека коментарите во врска со нејзиниот изглед навистина ја повредиле.

На премиерата на филмот „And Just Like That“, критиките на публиката беа безмилосни, особено оние што се однесуваат на нејзините години и изгледот во серијата.

сексот и градот
Фото: Принтскрин / Instagram

Во разговорот за Sunday Times, изјави дека таа и нејзините колешки Сара Џесика Паркер и Синтија Никсон добиле огромно внимание поради новите епизоди и улоги кои иницијално ги играа во своите 30ти години.

„Сите мислат дека можат да коментираат сешто, да пишуваат дали им се допаѓа нашата коса или не, лицето, стилот… Тоа ескалираше, просто бев во шок. Бесна сум, а не сакам да бидам, престанав да ги читам коментарите, затоа што се злобни.“

Таа изјави дека во секоја прилика, луѓето го коментирале и нејзиниот физички изглед, но и дека проблемот со социјалните мрежи е што не знаеме ништо за луѓето кои директно ни ги навредуваат личноста и интегритетот.

„Дојдов до момент, да бидам искрена, да кажам – е*ете се луѓе, направете подобро ако мислите дека можете! – отворено изјави таа.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

АМС ги одреди кандидатите за „Спортист на годината“: Георгиевски, Павлов, Ѓоргиев, Елмас….

Следно

Дојава за бомба во атинското метро, патниците евакуирани

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian