ФОТО | Медени колачиња, вкус на новогодишната радост во вашиот дом

1 min read

Што е празник без колаче? Празен празник.

За да си го подобрите расположението, а и да го разубавите празничниот период за домашните, подгответе ги овие едноставни медени колачиња, следејќи многу едноставен рецепт. Украсувањето го оставаме на вашата фантазија, а инспирирајте се од фотографиите…

Потребни состојки:

  • 400 гр брашно
  • 180 гр шеќер во прав
  • 2 лажички сода бикарбона
  • 2 јајца
  • 2 лажици мед
  • 30 гр путер
  • 1 лажица мешан новогодишен зачин за медени колачи (цимет, каранфилче, морско оревче)

За украсување:

  • 200 гр шеќер во прав
  • 1 белка
  • неколку капки оцет
колачиња
EPA-EFE/LUKAS BARTH-TUTTAS
колачиња
EPA-EFE/LUKAS BARTH-TUTTAS

Подготовка:

Во длабок сад, ставете го јајцето, шеќерот, медот и стопениот путер. Матете со миксер на средна брзина и додавајте го брашното помешано со содата и зачинот за медени колачиња. Откако ќе добиете мека и компактна смеса, ставете ја во фрижидер барем еден час. Потоа, со сукало на работна маса расукајте кора во дебелина од 3 см и со модли со новогодишен мотив, вадете форми. Испечете ги колачињата на 180 степени околу 10 минути. Почекајте добро да се оладат, а потоа декорирајте ги на омилен начин, со основниот фил: изматете една белка со миксер и постепено додајте 200 гр шеќер во прав, малку оцет и по желба прехрабена боја за да добиете што поубави бои за украсување.

Уживајте!

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

ЕУ го поздрави напредокот на Србија во пристапните преговори

Следно

Во тек е полициска акција на влезот во Скопје, запленети се 100 килограми дрога

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian