Ќе се реконструира улицата Варшавска во општина Карпош

1 min read

Советниците од Советот на општина  Карпош, на последната одржана седница, дадоа „зелено светло“ за предлогот за реализација на проектот „Реконструкција на дел од ул. Варшавска“ во должина од 720 метри, во вредност од 6.353.002 денари.

Во овој случај, Општината поднесе барање до Светска банка за доискористување на средствата од проектот МСИП 2, во форма на кредит со грејс период од три години, со рок на исплата од 10 години, во вредност од 4.284.632 денари.

Во оваа ситуација, општина Карпош ќе ги кофинансира останатите 2.068.370 денари, како дел од Програмата на Секторот за уредување на градежно земјиште и комунални работи за 2022 година, информираат од локалната самоуправа на Карпош. 

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

„Sk8er boi“ оди на големото платно! Аврил Лавињ подготвува филм за легендарната песна на генерацијата

Следно

Лекот на Фајзер за 89 отсто го намалува ризикот од смрт и хоспитализација при зараза со ковид

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian