Дојава за бомба во атинското метро, патниците евакуирани

1 min read

Две линии на атинското метро попладнево се затворени и евакуирани сите патници како од вагоните, така и од станиците, по анонимниот повик во информативен портал дека на две станици се поставени бомби, пренесува Грик Репортер.

Околу 15.30 часот по локално време, непознато лице се јавило во порталот „Зугла” и рекло дека во 16.15 часот ќе експлодира првата бомба поставена на централната станица Синтагма, а втората 25 минути подоцна на друга станица, исто така во центарот на Атина.

Првично, полицијата ги затворила само овие две станици, но подоцна била дадена наредба да се затвори целата мрежа поради евакуацијата на вработените во центарот за контрола на работата на метрото што се наоѓа на Синтагма.

Специјални единици на грчката полиција заедно со специјално обучени кучиња го пребаруваат просторот, а не е исклучена можноста да станува збор за лажен повик, како што повеќепати било случај во минатото.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Шарлот од „Сексот и градот“ ги опцу сите што коментираа дека изгледа како Џокер!

Следно

ФОТО | Мајсторот на највкусната пица Наполетана во Македонија: Која е тајната на Мартин Александров?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian