Дали Саманта сепак се враќа? Ким Катрал ни разоткри со реакциите на неколку Твитер објави

7 mins read

Расправијата продолжува… Набргу откако серијата „And Just Like That“ ја имаше својата премиера и ги врати легендарните ликови на „Сексот и градот“ но во ново поглавје, една од главните елементи беше особено забележливо отсутна – Ким Катрал и нејзиниот лик Саманта. И додека фановите веднаш го забележаа тоа на социјалните мрежи, единствениот начин на кој актерката реши да го истакне своето мислење за продолжението беше токму таму – со реакции на нивните објави!

По гласната долгогодишната драма со нејзините поранешни ко-актерки, Ким Катрал јасно одби да учествува во повторно реоживување на добропознатата серија „Сексот и градот“, иако претходно учествуваше во двата филма кои следуваа по серијата.

„Ким Катрал не се врати во SATC затоа што нејзината растргната кариера конечно успева“, објави на твитер еден фан на 10 декември, на што 65-годишната канадска жителка одговори дека „ѝ се допадна“ пораката за поддршка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Streaming Rant (@streamingrant)

Катрал дополнително го утврди својот став, ставајќи лично „лајкови“ на неколку други пораки на социјалните мрежи што ја поддржаа нејзината кариера по „SATC“ и одлуката да се оттргне од франшизата.

„И едноставно така… Се најдов себеси како сакам да гледам само било што во кое е @KimCattrall. Ова е твит за благодарност на Ким“, напиша друг корисник на Твитер, користејќи ја фразата на наслов на римејк серијата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Megumi Taylor (@renmegy07)

Откако беше објавено „And Just Like That“, зачинетото оживување на „Сексот и градот“ во кое животите на Кери, Шарлот и Миранда продолжуваат во нови периоди од нивните семејни животи, Ким Катрал прилично молчи за ова прашање, настрана од суптилните ископувања на социјалните мрежи, па овие „лајкови“ го издаваат нејзиното размислување.

„@KimCattrall Јас сум таков фан. Со рестартирањето на #SATC, тие продолжуваат да те спомнуваат. Те поздравувам што направи избори кои се соодветни за тебе. Од тебе не се бара да правиш нешто што не сакаш да го правип или што нема да те направи среќна. Те очекувам на #QAF среќни празници!“, напиша уште еден фан кој доби „лајк“ од актерката, спомнувајќи го враќањето на Катрал во „Queer As Folk“

Друг е и твитот од публицистката Емили Шапиро, која напиша дека „ја надминала“ веста дека „Ким Катрал не е во реконструкцијата на „SATC““.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BRADSHAW BABY! (@bradshaw_baby)

Во меѓувреме, Крис Нот, познат како „Mr. Big“, конечно неодамна се огласи за моќната јавна расправија меѓу неговите долгогодишни колешки, Сара Џесика Паркер и Катрал.

„Морам да ви кажам, апсолутно немам поим што е нејзиното размислување или нејзините емоции. Знам дека сум многу близок со Сара Џесика и описите на Катрал за неа не се ни приближно точни“, рече тој.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Valley Boy (@valleysuccubus)

Тој додаде дека „му се допаѓала“ Катрал, и мислел дека е прекрасна во шоуто и дека некои луѓе продолжуваат понатаму поради свои причини.

„Не знам што беа нејзините. Посакувам целата таа работа никогаш да не се случеше бидејќи беше тажно и непријатно“, додаде Нот како негово гледиште на расправијата.

Нот објасни дека не сака да гледа како некој зборува навредливо за Сара Џесика бидејќи таа е таа која е директно на мета и луѓето знаат да бидат навистина гадни.

„Се чувствувам многу заштитнички кон неа и не бев среќен поради тоа. Тоа е сè што ќе кажам за тоа“, објасни Нот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Cattrall (@kimcattrall)

Но сепак, фановите кои се’ уште се надеваат на враќањето на легендарната четворка ја држат отворена можноста и размислувањето дека Саманта сепак по

Во првите две епизоди од „And Just Like That“ кои беа промовирани во четвртокот на 9 декември, а одличната тројка веднаш на самиот почеток објасни зошто храбрата публицистка Саманта Џонс ја немаше никаде на повидок.

„А каде е четвртиот мускетар? Каде е Саманта? Битси фон Мафлинг (Џули Халстон) ги праша Кери Бредшо, Шарлот Јорк и Миранда Хобс надвор од ресторанот на самиот почеток на првата епизода.

Откако Шарлот откри дека нивната пријателка „повеќе не е со нив“, Миранда и Кери појаснија дека се преселила во Лондон откако се одвоила од њујоршките жени.

Но режисерот на „And Just Like That“, Мајкл Патрик Кинг, веќе спомена дека новата серија „никогаш“ немала намера да се фокусира на старата четворка.

„Никогаш не беше на радарот како четири бидејќи Ким Катрал, од која било причина, не сакаше повеќе да ја игра Саманта додека сакавме да го снимаме третиот филм. Но јас никогаш не помислив: „Ох, има дупка што треба да ја пополнам.“ Саманта не е дека не постои во нивните животи. „And Just Like That“ е роден од овие три лика: Каков е нивниот живот и кого можам да доведам да го претстави тоа?“, изјави 67-годишниот Кинг непосредно пред премиерата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cosmo Girl X (@justlikethatcosmogirl)

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Варвициотис: Иднината на Европа е тесно поврзана со интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ

Следно

Скопјанец каснат од куче на кејот во Центар

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian