Д-р Стојанов: Ако ги имате овие симптоми по прележан ковид, јавете се кај кардиолог

2 mins read

Светските истражувања покажуваат дека бројот на луѓе кои имаат долгорочни последици по прележан ковид-19 е значителен, повеќе од 80 отсто од луѓето имаат барем еден преостанат симптом шест месеци подоцна.

Д-р Весна Стојанов, кардиолог и претседател на Здружението за хипертензија на Србија, за РТС рекла дека по ковид-19, позабрзано доаѓа до воспаление и развој на процесот на атеросклероза.

„Меѓутоа, ако ја погледнеме структурата на пациентите кои најчесто заболуваат од ковид-инфекции со одредени компликации, тоа се токму кардиоваскуларните пациенти, тоа е постарата популација со веќе придружени кардиоваскуларни болести и потоа компликациите се многу почести во подоцнежниот период“, објаснила Стојанов.

Ваквите пациенти, како што додала таа, имаат многу повисок крвен притисок, често нарушување на крвниот ритам.

– И младите кои не знаеле дека имаат некои болести и се сметаат за апсолутно здрави, по прележана ковид-инфекција го имаат тој краток здив, имаат замор, чувство на притисок, непријатност во градите и доаѓаат на кардиолог. Кај нив наоѓаме или нарушување на ритамот во вид на забрзано срцево работење или се во прашање некои екстра систоли – наведува докторката.

Кај младите, вели, чести се и воспаленијата на срцевиот мускул, миокардите. Докторката вели дека се зголемува и бројот на првите прегледи и бројот на контролните прегледи по прележан ковид-19.
Симптомите поради кои треба да се јавиме кај кардиолог по прележан ковид, д-р Стојанов ги наведува заморот, неможноста да ги извршувате оние физички активности кои досега сте можеле да ги правите, непријатноста во градите, краткиот здив, аритмијата, кога чувствувате дека срцето ви трепери.

– Тоа се веќе некои причини поради кои треба да се јавите кај лекар – истакнала д-р Стојанов.

 

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Рускот амбасадор во Србија: Состојбата на Балканот е загрижувачка

Следно

Контроверзно интервју со Бритни Спирс: „Дојде дома и ме расплака“ (ВИДЕО)

Latest from Blog

Магла на Стража

Намалена видливост од 50 до 70 метри поради појава на магла има на планинскиот премин Стража,

MacedonianEnglishAlbanian