Четврта среќа: Ким Кардашијан конечно го положи првиот правен испит и прослави со фотосесија

3 mins read

Ким Кардашијан е чекор поблиску до адвокатура. Ријалити ѕвездата штотуку го положи бејби-бар испитот и ја сподели возбудливата вест на единствениот начин на кој знае – со фотосесија на Инстаграм.

По три неуспешни обиди во две години да го положи првиот од двата испити кои се неопходни за да може да се практикува право во Калифорнија, Ким Кардашијан конечно успеа. Четвртиот пат беше оној кој е среќен за Кардашијан.

„ОМФГГГГ ГО ПОЛОЖАВ БЕЈБИ-БАР ИСПИТОТ!!!! Гледајќи се во огледало, навистина сум горда на жената што денес се враќа во одразот“, ја искажа својата среќа Кардашијан.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian West (@kimkardashian)

Еден од обидите да го положи овој испит беше документиран во последната сезона на „Keeping Up With The Kardashians“, каде токму беше прикажана борбата на Ким со секојдневните обврски (барем оние кои доликуваат за една Кардашијан) додека го подготвуваше испитот – организирање на неколку детски родендени, грижа за нејзините четири деца, но и Ковид-19 со кој требаше да се справи токму двете недели пред полагањето.

Но, и покрај падовите, таа не се откажа од својот сон – да биде адвокат како нејзиниот татко, и да покаже дека освен убавина има и ум. Ким објасни дека мора да положи два испити во државата Калифорнија бидејќи не посетува традиционален правен факултет.

„Врвните адвокати ми кажаа дека ова беше речиси невозможно патување и потешко од традиционалната „патека“ на завршување на правниот факултет, но тоа беше мојата единствена опција и се чувствувам толку многу добро што сум тука и на мојот пат кон постигнување на моите цели“, изјави Ким Кардашијан.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Splash News (@splashnews)

Ким им се заблагодари на своите пријатели и ментори кои ѝ помогнаа на овој пат досега, вклучително и на новинарот на Си-Ен-Ен, Ван Џонс, на кого му ја дава заслугата што ја упатил на правен факултет, пред да се повика на нејзиниот покоен татко, адвокат Роберт Кардашијан.

„Знам дека татко ми би бил толку горд и дека всушност би бил толку шокиран кога би знаел дека ова е мојот пат сега, но тој би бил мојот најдобар партнер за студирање. Ми велат дека бил озлогласен по исмејувањето на луѓето кои не го поминале првиот обид како тој, но тој би бил мојот најголем навивач!“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hayatdenhaq (@hayatdenhaq_)

Таа ја заврши својата објава со возбудливо и мотивирачко чувство.

„Во крајна линија не се откажувај, дури и кога се држиш за конец, можеш да го направиш тоа! Затоа што многу е убаво чувството кога ќе стигнете на другата страна!“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Future LawHER. (@preeslawjourney)

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Тејтум го сруши шампионот, Кари на две тројки од рекордот на Ален

Следно

НАЈДОБРОТО НЕШТО ШТО ЌЕ ВИДИТЕ ДЕНЕС! Јоркшир и дете се спуштаат по ЛИЗГАЛКА (ВИДЕО)

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian